Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Њујорк, во рамки на посетата на САД по повод учеството на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, се разговарало за досегашната соработка и активностите на УНДП што се реализираат во земјава преку партнерства со македонските институции, општини и граѓанското општество.
Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за континуираната поддршка на УНДП, при што нагласила дека поддршката е значајна за македонскиот евроинтегративен пат, како и за креирање инклузивно општество во различни области.
Соговорниците изразиле задоволство од досегашниот тек на заемните активности што се во согласност со македонските национални приоритети, а се базираат на основа на принципите за одржлив развој и се усогласени со процесот на пристапување во Европската Унија.
Ново на Сител
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
