Сиљановска Давкова се сретна со началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска имала средба со началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, соопшти претседателскиот Кабинет.
-На средбата, прва по стапувањето на функцијата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековните активности на Армијата во остварувањето на задачите за заштита на територијалниот интегритет и независноста, подготвеноста за исполнување на националните и на меѓународните обврски, придонесот во колективната самоодбрана, меѓународните операции и заштита на пошироките национални интереси, се наведува во соопштението.
Претседателката Сиљановска Давкова изразила уверување дека македонската Армија, како и досега, ќе продолжи со истата посветеност да ја исполнува својата уставна должност да го штити нашиот територијален интегритет и независност, а армиските припадници да продолжат да бидат пример за професионализам, дисциплина и посветеност, како што доликува на земја-членка на НАТО.
Претседателката Сиљановска Давкова ја истакнала својата определба, како Врховен командант на вооружените сили, секогаш да дава поддршка за натамошно опремување и модернизација на Армијата и подобрување на условите за живот и работа на армиските припадници.
Ново на Сител
-
Се преврте туристички автобус во Турција, шест лица погинаа, а 25 се повредени
-
Без една рака со стап пробува да го бутне дронот, последниот момент од животот на Синвар | ВИДЕО
-
Силен земјотрес ноќеска ја погоди Грција
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи
-
Меси не ја исклучува можноста за учество на СП во 2026 година
-
Со сослушување сведоци во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски