Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на предновогодишно дружење со македонските мировници и нивните семејства
Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец преку видео-конференциска врска разговараа со македонските мировници ангажирани во мировни мисии и операции во странство.
Во присуство на стотина членови на семејствата на мировниците, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека е горда на припадниците на Армијата кои се во миротворни мисии, но дека е уште погорда на нивните семејства и дечиња.
- Навистина, многу му благодарам на министерот за одбрана, бидејќи ова што се случува овде нè спојува со нивните родители и мислам дека нема да има погорди од нив на своите татковци во мисиите, рече Сиљановска-Давкова.
Таа им порача на мировниците да ја завршат работата професионално и дисциплинирано и да се вратат здрави и живи.
- Бидете во постојан контакт со нас и со вашите семејства и бидете сигурни дека во ваше отсуство ние ќе се грижиме за нив. Нашите мисли се со вас. Она што го правите навистина е за огромен респект. Од срце ви посакувам најубава 2025 година, вам, на вашите дечиња, на вашите семејства, рече Сиљановска-Давкова.
Началникот на Генералштабот, генералот Лафчиски порача дека на овој традиционален настан семејствата на мировниците имаат можност да видат како Армијата се грижи за своите мировници.
Преку видео конференциската врска говореа и претставниците на македонската Армија кои извршуваат задачи во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, ЕУ операцијата во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, мисијата на ООН во Либан, УНИФИЛ и мултинационалните сили на НАТО во Бугарија и Романија.
Предновогодишната активност беше заокружена со традиционалното пристигнување на Дедо Мраз со хеликоптер и поделба на пакетчиња на децата на припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-
Природни катастрофи кои ја одбележаа 2024 година
-
Тема на денот со Татјана Димитровска, претседател на ДКСК
-
Фирмите за унгарскиот кредит ќе аплицираат од јануари
-
Таравари го оцени македонското здравство со “осмица”
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет