-->
-->
Силен земјотрес во реонот на панамско-колумбиската граница
-->

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран соноќа во реонот на границата меѓу Панама и Колумбија, соопшти Американскиот геофизички институт.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 84 километи источно од панамскиот град Ла Палма и 29 километри јужно од колумбискиот град Аканди.
Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.
Испаничени жители на Аканди и на соседниот град Унгија за колумбиските медиуми изјавија дека потресот траел околу 30 секунди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
