Свет
8. November 2024 - 13:51

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Чиле.

Погодена е областа во близина на брегот на регионот Ајсен, а земјотресот е регистриран во 08:38 часот по локално време, на длабочина од 35 километри и 608 километри јужно од Пуерто Монт.