-->
-->
Силен земјотрес на Папуа Нова Гвинеја
-->
Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на јужниот брег на островот Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геофизички институт.
Според институтот, потресот бил на мала длабочина под морското дно, со епицентар на 162 километри југозападно од градот Рабаул.
Пацифиццкиот центар за следење на цунами издаде предупредување дека областа во круг од 300 километри од епицентарот, може да ја погоди голем бран.
Нема информации за повредени лица или причинета материјална штета при земјотресот.
Папуа Нова Гвинеја, една од најсиромашните земји во светот, се уште се опоравува од земјотресот со интензитет од 7,5 степени што се случи на 26 февруари, кога загинаа најмалку 100 луѓе
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
