Силен земјотрес на грчкиот остров Самос

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска напладне го погоди грчкиот остров Самос во Егејското Море во близина на брегот на Турција, јави „Катимерини“.
Според податоците на Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, земјотресот е регистриран во 13 часот и 10 минути по локално време. Неколку минути претходно, во 12:56 часот, областа ја погоди малку послаб земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.
Во 13:19 часот имаше трет, многу послаб земјотрес со јачина од три степени. Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри југозападно од селото Питагора на Самос, на длабочина од 12,8 километри. За земјотресот известија и турски сеизмолошки извори. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.
Земјотресот беше силно почувствуван и во Турција, особено во Кушадаси, Измир и Мугла, каде предизвикал паника меѓу населението.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
