Силен тајфун се движи кон јапонските острови Окинава
Силен тајфун, втор оваа недела, се движи кон островите Окинава на југот на Јапонија.
Метеоролозите во последните неколку дена предупредуваа за тајфунот Хаишен, повикувајќи ги луѓето да се подготват за рекордна бура, да набават храна и вода и да бидат подготвени да се засолнат.
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека Хаишен, кој рано денеска достигна брзина на ветер до 180 километри на час, е на пат да ја погоди Окинава до недела, а подоцна и главниот јужен остров Кјушу.
Но, дождот, плимата и ветерот ќе погодат пред тајфунот, соопшти агенцијата.
Хаишен, или „морски бог“ на кинески, се движел на север со 15 километри на час од морето, јужно од Минами Даито, остров во јужна Јапонија.
Официјалниот претставник на Метеоролошката агенција Јошихиса Накамото рече дека е загрижен поради тоа што луѓето ќе останат дома наместо да бегаат, плашејќи се од коронавирусот.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“