Loading Video...
Фудбал
8. March 2020 - 18:14

Силекс од пенал ја совлада Македонија ЃП

 
По минималниот триумф над Македонија ЃП, кратовскиот прволигаш Силекс се искачи на втората позиција на табелата, која ја дели заедно со шампионот Шкендија.
 
Моментот на одлука на калливиот и тежок за игра терен во Кратово се случи во петтата минута, кога Христијан Грозданоски беше соборен во шеснаесетникот на гостите, а Александар Ставрев оправдано досуди најстрога казна.
 
Од белата точка прецизно стрелаше Иван Ивановски за водство на домашниот тим.
 
Силекс можеше да стигне и до поубедлива побед, но Дарко Гроздановски не погоди во финишот на мечот.