-->
-->
Сила на природата: Погледнете како торнадо превртува шлепер на автопат!
-->

Најмалку 20 торнада опустошија делови од јуните американски држави оставајќи позади себе најмалку десет мртви и разурнати домови.
Најтешко погодени се делови од државите Индијана и Мисисипи, каде едно торнадо уништи дури 20 куќи. Рушевините детално се пребаруваат и се претпоставува дека бројот на жртви ќе порасне.
Во државата на Мисисипи потврдена е смрт кај 6 жртви, вклучувајќи го и 7 годишното момче кое било во автомобил кој се превртел. ТРојца луѓе загинале во Тенеси, а еден во Аркансас.
Во Алабама околу 3500 домови останеле без струја.
До сега се пријавени околу 20 торнада со различна силина.
Во градот Кларксдеил ветерот превртел неколку авиони на локалниот аеродром каде се повредени неутврден број на луѓе.
Од Мисиспи стигна и неверојатна снимка од автопат, на кој силен воздушен вртлог успеа да преврти шлепер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
