Сијарто: Прекинот на испораката на гас за Бугарија не влијае на испораките за Унгарија
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека одлуката на руски Гаспром да ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија не влијае на испораката на гас од Русија за неговата земја.=
Сијарто во видео изјава на Фејсбук рече дека одлуката може да биде загрижувачка, но оти испораките на гас за Унгарија преку Бугарија ќе продолжат.
– Сакам да ги уверам сите дека прекинот на испораката на гас за Бугарија не значи прекин на транзитот низ Бугарија, рече тој.
Руската државна компанија за гас „Гаспром“ потврди дека ги известила Бугарија и Полска дека ги прекинува испораките на гас затоа што не платиле за него во руски рубљи и оти секое преземање на гас наменет за трети земји ќе резултира со намалување на обемот на транзитот.
Сијарто изјави дека Унгарија добива 3,5 милијарди кубни метри руски гас годишно преку гасовод што минува низ Турција, Бугарија и Србија.
Ново на Сител
-

ЈП Македонија пат: Сите патни правци во државата се проодни
-

Протестите во САД продолжуваат по смртоносното пукање врз жена во Минеаполис
-

Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република
-

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд за да ги спречиме Русија и Кина да го земат
-

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини
-

Претпладне повремени врнежи од дожд, попладне од снег
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
