Сијарто предлага формирање специјални сили на ЕУ за заштита од бегалците
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска предложи формирање специјални сили на ЕУ за заштита на границите на Грција од бегалците, кои се обидуваат да влезат на територијата на Унијата, јави ТАСС.
- Треба да се формираат единствени сили на ЕУ, кои ќе можат да ги заштитат границите на Грција, изјави Сијарто во Белград, каде престојуваше денеска на разговори со неговиот српски колега Ивица Дачиќ, посветени на бегалската криза.
Според Сијарто, во таквите сили би требало да бидат вклучени претставници на сите земји-членки на ЕУ.
Тој нагалси дека ова идеја е дел од мерките што Унгарија ги предлага за решавање на бегалската криза, при што уште еднаш го отфрли предлогот на Европската комисија за прераспоредување на бегалците меѓу земјите-членки на ЕУ според утврдени квоти.
Ново на Сител
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко
-
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик