Сијарто и дипломатскиот кор се вклучија во акцијата „Ден на дрвото“
Министерот за надворешни работи Никола Попоски заедно со неговиот унгарски колега Петар Сијарто кој е во посета на Македонија и претставници на дипломатскиот кор во земјава, со симболично засадување во Скопје се вклучија во акцијата „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“.
Од името на МНР присутните ги поздрави Елена Кузмановска, која истакна дека оваа акција прерасна во традиција.
- Особено радува што оваа година акцентот е ставен на зазеленување на урбаните простори на Град Скопје. Градот расте во секоја смисла секоја година се повеќе. За жал, имавме и трагични потсетници од природата во смисол на еко-катастрофи кои недвосмислено не потсетуваат дека наша постојана обврска е да се грижиме за еколошкото опкружување во кое живееме, рече Кузмановска.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека Градот во оваа акција годинава учествува со 12.000 висококвалитетни садници.
- Оваа година во акцијата се посадени еден милион дрвца, од кои 260.000 во урбаниот дел на Град Скопје во паркови, булевари, урбани зеленила, училишта, градинки. Ние ќе продолжиме со оваа акција која нема да биде ден, туку месец на дрвото, а за Град Скопје таа значи и континуирано засадување дрвца и во есенскиот и во пролетниот период, рече Трајановски.
Кристина Николовска од Здружението „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“ искажувајќи благодарност за поддршката од МНР, како и од дипломатскиот кор и од Градот Скопје, истакна дека целта на акцијата е да се подобри еко-иднината на земјата, но и акцијата да се прошири и пошироко во регионот.
- Денеска сме дел од една прекрасна синергија и правиме расадник на нови еколози. Оваа акција е расадник на млади екологисти. Просечната зафатеност на засадените дрвја во акцијата е 60 отсто, но процентот на засадената свест кај младите и граѓаните е непроценлива, рече Николовска.
Ова е деветта година како се спроведува акцијата „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица