Си подадоа рака, еве што Ципрас, Борисов и Вучиќ се договорија за Македонија

Грција, Бугарија и Србија сметаат дека е неопходна стабилизација на внатрешно-политичката ситуација во Македонија, како и продолжување на дијалогот за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за прашањето за името, заклучиле на вчерашната билатерална средба во Солун грчкиот премиер Алексис Ципрас, неговиот бугарски колега Бојко Борисов и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тоа, според нив, ќе ја отвори перспективата на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Грчките и бугарските медиуми денеска пренесуваат дека Ципрас на заедничката прес-конференција со Борисов и Вучиќ истакнал оти Грција и ЕУ ги поддржуваат напорите за евроинтеграција на Балканот, но оти земјите аспиранти треба да ги исполнат неопходните услови. Во контекст на ситуацијата во Македонија, Ципрас укажал на неопходноста од воспоставување мир и стабилност во земјата. Нагласил дека е важно да се води дијалог и да се најде заедничко прифатливо решение за спорот за името, кое, како што посочил, е предуслов за поддршка на Атина на патот на Скопје кон ЕУ.
Бугарскиот премиер Борисов рекол дека по Самитот во Трст гледа пооптимистички на европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Предупредил дека ЕУ не треба да го запоставува Балканот бидејќи постојат амбиции на некои земји за нивно влијание во регионот. Борисов најавил дека Бугарија за време на претседавањето со ЕУ во првата половина од наредната година ќе се залага за поттикнување на европерспективите на државите од Западен Балкан. Тој смета дека соработката межу земјите во регионот не треба да биде според моделот на поранешна Југославија, туку секоја држава поединечно да има пристап до ЕУ.
Ново на Сител
-

Сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
