Си-Ен-Ен: За Трамп гласале воглавно белци и богати, за Клинтон - жени
Републиканецот Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД пред се со гласови од белци, бидејќи Американките биле понаклонети на кандидатката на демократите Хилари Клинтон, јави Си-Ен-Ен.
Според првите податоци, што се однесува за полот, 53 отсто мажи дале глас за Трамп, додека 54 отсто жени гласале за Клинтон.
Помладите гласачи мнозинство гласале за Клинтон, а постарите од 45 години воглавно за Трамп.
Си-Ен-Ен зеле предвид и материјална состојба на гласачите – Трамп добил гласови главно од оние кои имаат поголеми материјални примања.
Либералите гласале за Клинтон, конзервативците за Трамп.
- Говорите на Трамп за мигрантите и муслиманите зеле данок, па за него гласале воглавно белци, додека Клинтон приграбила симпатии на црнците и Хиспаноамериканците, наведува медиумот во извештај.
Ново на Сител
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква
-
Ставревски и Славевски најсериозни кандитати за иден гувернер на Народната банка
-
Генералка викенд – почна најмасовната акција за собирање на отпадот