Си-Ен-Ен: Арапите и муслиманите во САД нема да го поддржат Бајден на претседателските избори

Голем број Арапи и муслимани со право на глас во САД потврдија дека нема да гласаат за реизбор на американскиот претседател Џо Бајден поради неговата непоколеблива поддршка за Израел и неуспехот да се постигне траен прекин на огнот во Газа, јави Си-Ен-Ен.
Таа ТВ мрежа посочува дека на претходните претседателски избори Бајден добил поддршка од неколку истакнати американски муслимани, избрани функционери и лидери на муслиманската заедница, но дека во пресрет на новиот изборен циклус, многумина се скептични и лути на него.
„Верувам дека тој не може да се искупи. Нема да гласам за Џо Бајден. Неговото соучесништво и активно учество во геноцидот на палестинскиот народ во Газа го дисквалификува како мој кандидат“, рече Калид Турани, консултант од Мичиген и копретседавач на огранокот на Мичиген во кампањата „Да го напуштиме Бајден“.
Кампањата „Да го напуштиме Бајден“ беше создадена во Минесота откако група муслимански Американци побараа од претседателот да инсистира на прекин на огнот во Појасот Газа до 31 октомври минатата година, а кога Бајден не одговори на нивното барање, групата вети дека ќе спроведува кампања против него.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
