Шврговски најави жалба на пресудата за Грујевски
Адвокатот на Горан Грујевски, Љупчо Шврговски, по објавувањето на пресудата за предметот „Тврдина 2“ рече дека очекувале ослободителна пресуда, бидејќи не може да постои кривична одговорност ако недостига суштинскиот елемент на кривичното дело. Тој најави жалба на пресудата.
- Не може да постои кривична одговорност ако недостига суштинскиот елемент на кривичното дело, рече Шврговски и додаде дека без тоа нема одговорност за никој.
Шврговски повтори дека пред Судот направиле јасна дистинкција меѓу текстовите на постојниот Кривичниот законик и на оној што важел пред законската измена. Тоа, како што додаде, се однесува на една реченица која во стариот законик постоела.
- Станува збор за тоа како кривично дело да биде санкционирано и поведението на обвинетиот, кој ќе уништи службени исправи, книги или списи. Тој дел не постои во новиот Кривичен законик, рече Шврговски.
Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристоска по објавувањето на првата пресуда за обвиненијата што ги покрена СЈО пред Кривичниот суд, рече дека затворската пресуда од 18 месеци за поранешниот началник на УБК Горан Грујевски, била во рамките на нивните очекувања.
- Изразуваме задоволство што барем за овој случај правдата излезе на виделина и очекуваме ваквиот тренд да продолжи и во другите случаи за кои СЈО има поднесено обвиненија, рече Ристоска и додаде дека со тоа што Судот ги прогласи за виновни и шесте службенички вработени во УБК, е испратена порака дека службениците кои извршуваат наредби не смеат да бидат амнестирани.
Првообвинетиот во овој случај, Горан Грујевски,, како што МИА денеска јави, е осуден на 18 месеци затворска казна за уништување докази за прислушувањето, додека другите шетмина вработени во УБК обвинети во случајот „Тврдина 2“ добија условни казни.
Ново на Сител
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност