Македонија
10. December 2019 - 16:07

Шверцери во документарецот го споменуваат и Саздо: „Нека знаат со кој си имаат работа“

По повод 30-годишнината од формирањето на навивачката група Шверцери излезе и документарен филм на нивниот официјален Јутуб канал. 

Во краткиот документарен филм тие споделуваат искуства од минатото, почнувајќи од формирањето каде зборува и Артан Груби како еден од основачите, инцидентот на Кале (февруари 2011) кој го именуваат како најголема победа за Шверцери а заврши со повеќе повредени лица меѓу кои имаше и со убодни рани од нож, па се до Саздо кого го именуваат како "момчето од црвените".  

Напоменуваат дека осудените за убиството на Саздо се неправедно осудени, чекаат да бидат ослободени и додаваат: Секогаш ќе е*еме црвени - Нека знаат со кој си имаат работа.