Шведска започнува национална програма за тестирање за Ковид-19
Шведска започнува национална програма со која се предвидува поголем број тестирања за новиот коронавирус, соопшти шведската Влада.
Првично програмата ќе ги опфати здравствените работници и лица кои се на клучни функции.
– Владата денеска им даде инструкции на државните здравствени власти веднаш да изработат национална стратегија за зголемување на бројот на спроведени тестови за Ковид-19. Целта е тестирањата да опфатат и други приоритетни групи, изјави на прес-конференција вицепремиерката Исабела Ловин.
Шведска, која има околу 10 милиони население, досега ги подложи на тестирање за коронавирус околу 36.000 лица, главно кои имале потреба од медицинска помош.
Шведската Влада, исто така, соопшти дека ќе забрани секакви посети во домовите за стари лица.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања