Свет
18. February 2016 - 10:14

Шведска: Експолозија во зградата на турскиот културен центар

Зградата на турскиот културен центар во предградие на Стокхолм синоќа ја потресе експлозија, а полицијата наведува дека никој не е повреден. 

Турскиот културен центар се наоѓа во приземје на зграда во предградието Фитја, во главниот град на Шведска, сите прозорци се искршени. Никој не е повреден бидејќи внатре немало луѓе оти центарот многу порано бил затворен, пренесува Танјуг. 

Според наводите на полицијата, никој не е уапсен и за сега нема ниту осомничени, а специјална екипа го пребарува местото на експлозијата.