Швајцарската амбасада донираше книги во битолската Универзитетска библиотека

Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија денеска донираше книги во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола.
Донацијата ја предаде амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија Сибил Зутер Техада која истакна дека го поттикнува читањето на книги од лица со различна возраст.
- Секоја година од Швајцарија донираме книги на германски јазик. Дониравме избор белетристика, но и друга понуда. Така ќе биде и понатаму, рече Зутер Техада за време на нејзиниот престој во Битола.
Според директорката на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола, Лили Бошевска книгите ќе бидат достапни за сите лица, сместени на првиот кат од библиотеката, а тоа значи дека ќе може да ги користат и лица со пречки или телесен хендикеп.
- На располагање се различни наслови, вредна литература, познати и читани автори од Германија, Австрија и Швајцарија кои сега ќе може да се изнајмуваат и во Битола. Користењето литература на странски јазици во нашата библиотека е редовна пракса и во пораст, посочи Бошевска.
Амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Зутер Техада се сретна и со ректорот на УКЛО, Сашо Коруновски.
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
