Шуто Оризари добива нова енергетски ефикасна градинка
Шуто Оризари доби нова енергетски ефикасна градинка во која ќе бидат згрижени околу 200 деца. Градинката е изградена на местото каде пред четири години изгоре поранешната градинка.
Изградбата траеше две ипол години, а финансиски беше помогната од Министерството за труд и социјална политика и Кралството Норвешка, со поддршка од УНДП.
Градинката, која е во фаза на официјално отпочнување со работа, денеска ја посетија министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, првиот секретар на Норвешката амбасада во Белград, Геир Хакон Јохансен и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакијан.
– Очекувам оваа градинка да продолжи да функционира со истиот квалитет и и да инвестира во децата. Како Министерство интензивно градиме инфраструктура која треба да создаде капацитет за сместување на што повеќе деца од предучилишна возраст, изјави Царовска по посетата на градинката.
Според постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакијан, Северна Македонија е една од државите во Западен Балкан која води грижа за ромското население.
– Ја поздравуваме одлуката на Владата да обезбеди средина во која сите подеднакво ќе ги уживаат правата, рече Сахакијан.
Покрај занимални и кујна, дворот на градинката е опремен со реквизити наменети за најмалите.
Ново на Сител
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија