Штрајк со глад на мигранти на српско-унгарската граница
Група од 130 мигранти, кои тргнаа пеш од Белград и ноќеска стигнаа во близина на граничниот премин Хоргош на српско-унгарската граница, започнаа штрајк со глад, јави Танјуг.
Мигрантите, главно од Авганистан и Пакистан, но меѓу кои има и Ирачани и Иранци, се наоѓаат на околу 500 метри од транзитната зона на унгарската граница. Тие седат на земја и изјавија дека не сакаат да одат во импровизираниот камп. Претходно за нив беа подготвени околу 30 шатори.
Мигрантите истакнаа дека ќе останат тука до следната одлука и ќе пијат само вода, со цел да обрнат внимание на состојбата на бегалците ширум светот. Својот протест го нарекуваат „мирен марш“, нагласувајќи дека тие не се криминалци и очекуваат Унгарија да ги отвори границите за нив.
Од унгарската страна на границата забележани се зајакнати полициски и воени единици.
Во петокот околу 300 мигранти тргнаа пеш од Белград кон границата со Унгарија. Некои од нив се откажаа, а други поминаа дел од патот со воз или автобус.
Ново на Сител
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна
-
Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат
-
ФЗО се враќа на стариот концепт, ќе има само еден директор
-
Шест, а не три обиди за биомедицинско оплодување на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели
-
ЦУК: Изминатото деноноќие три активни пожари
-
При претрес во Струмица пронајден е хашиш
-
Приведен кавадарчанец кој возел со 1.74 промили алкохол во крвта
-
Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош