Штрајк на синдикатите во Грција поради железничката несреќа
Низа протести и собири ќе се одржат денеска во Атина, но и во останатите грчки градови во рамките на 24-часовен штрајк што го закажаа грчките синдикати поради железничката несреќа со 57 жртви.
Штрајкот го закажа синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ), соопштувајќи дека неколкучасовниот прекин во работата за одбележување на Меѓународниот ден на жената, го претвораат во штрајк за, како што велат, сите заедно да побараат „да се стави крај на политиката на приватизацијата и да се придаде вистинска одговорност за смртоносниот криминал кај Темпи“.
Грција денеска е без бродски и железнички сообраќај, во прекин е и јавниот превоз во Атина, со исклучок на метрото и трамвајот што работат неколку часа за да им се олеснат на граѓаните да учествуваат во протестот.
Во штрајкот учествуваат и синдикатите на вработените во државните болници, и во училиштата, како и студентски здруженија.
Железничката несреќа што пред една седмица се случи кај месноста Темпи во близина на градот Лариса, а во која загинаа 57 лица, предизвика бурни реакции кај Грците, а протести се одржуваа и во изминатите денови.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари