Штрајк на наставниците во Грција
Наставниците во основните и средните училишта во Грција утрово започнаа 24-часовен штрајк, што иако беше прогласен за незаконски од надлежниот суд, доби поддршка од Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и ќе се одржи регуларно, јави дописничката на МИА од Атина.
Штрајкот се очекува да создаде проблеми во наставата и дел од училиштата денеска да бидат затворени.
Федерацијата на наставници преку штрајкот бара „суштински зголемувања на платите“, како и исполнување на образовните потреби на учениците за јавно и бесплатно образование“.
Од Министерството за образование на Грција вчера реагирале до надлежниот суд за штрајкот, што со судска одлука бил прогласен за незаконски, по што АДЕДИ донесе одлука да го поддржи закажаниот штрајк и да се одржи регуларно.
Наставниците преку нивната федерација закажаа и протест во центарот на Атина.
Паралелно во Грција од вчера е во тек 48-часовниот штрајк на грчката поморска федерација со што земјата и денеска ќе биде без бродски сообраќај.
Ново на Сител
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување
-
Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести
-
Владејачката партија во Грузија прогласи победа на парламентарните избори
-
Предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
Состојба на патишта