Штрахе: Признавањето на Косово е работа на Србија
Признавањето на Косово е работа на Србија, и да се врши притисок да го признае Косово е погрешен пат, наведува австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе пред посетата на Белград.
– Мислам дека признавањето на Косово е единствено работа на Србија. Да се притиска државата поради тоа би бил погрешен пат. Австрија би требало како неутрална држава да има улога на посредник изјави Штрахе за Политика.
Тој потсетува дека неговата Слободарска партија остро го критикувала австриското признавање на Косово.
Австрискиот вицеканцелар вели дека се надева на можен компромис во рамки на Бриселскиот дијалог меѓу Белград и Прииштина.
– Сакаме на Западен Балкан да унапредување помирување, демократија, стабилност. Најдобро средство за тоа е процес на пристапување во ЕУ, нагласува Штрахе.
Според него, право на самоопределување на северот на Косово или автономија би било пожелно решение, пренесува Танјуг.
– Секако, потребни се долги и комплицирани преговори. Ми се чини дека по тоа прашање Приштина е многу неразумна, изјави Штрахе.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола