Што се случува со женското тело кога жената е несреќна и е во лоша врска
Доколку обрнете внимание на физичките, менталните или емотивните знаци кои ви ги испраќа вашето тело, ќе може да живеете поубав живот.
Еве како женското тело покажува дека страдате поради некое момче или дека сте во врска со некој погрешен.
Помалку се смеете
Кога сте заљубени, логично е да мислите на таа личност и да се смешкате. Можеби можете да ги излажете другите дека сте среќни кога зборувате за личноста со која сте во врска, но вашето тело нема да ја сокрие вистината од вас. Доколку не се смешкате кога ќе помислите на личноста со која сте во врска, тогаш треба подлабоко да погледнете во вашето срце и да побарате одговор. Ако се чувствувате тажно кога сте сами, но не затоа што ви недостасува, запрашајте се што всушност вие чувствувате кон таа личност.
Недостаток на самодоверба
Вие треба постојано да се чувствувате како рок ѕвезда, а мажот треба само да го надополнува вашиот живот, не да го расипува. Џентлменот секогаш ќе се труди неговата дама да биде доволно сакана и почитувана, поради што нејзината самодоверба само ќе се зголемува. Ако сте полни со сомнежи и несигурности, веројатно не сте со правиот партнер и заслужувате подобро.
Емотивно сте исцрпени
Ниедна вркса не е апсолутно совршена, но кога сте заљубени, треба да се чувствувате ревитализирано. Ако се чувствате емотивно истрошени или дури физички уморно во врската, време е да ја прекинете и да продолжите понатаму.
Ги негирате чувствата кои ги имате
Жените се исклучително интуитивни суштества и многу се интелигентни. Во длабочината на душата, знаат дали врската ги исполнува или не. Понекогаш кога навистина сакаме нашата врска да функционира, може да пробаме да се излажеме себе, наоѓаме изговори за однесувањето на партнерот или се убедуваме да останеме кога треба да се завртиме и да си заминеме.
Не се ставате себеси на прво место
Врските понекогаш успеваат кога личноста со која сте во врска, ја ставате на прво место и кога таа истото ќе го направи. Тоа е несебична и безусловна љубов. Доколку вашите потреби не се исполнети и вие страдате, имате голем проблем.
Вие сте сведок, наместо да бидете учесник
Лесно е да западнете во рутина и да ја пуштите страста да умре. Годишниците и деновите кои ја слават вашата врска, треба да бидат извор на радост. Ако чувствувате дека само исполнувате некаква обврска за роденден или за Денот за вљубените, тогаш ви треба некој кој ќе ви донесе возбуда во вашиот живот.
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно