Македонија
8. May 2022 - 21:15

Што се разговарало на состанокот СПЦ - МПЦ во Ниш – Што значи враќање на МПЦ во канонско единство со СПЦ?

Се надзира ли разрешница на македонското црковно прашање? По долги години прекин во комуникацијата, МПЦ – ОА и Српската православна црква одржаа средба во Ниш, на која се разговарало за воспоставување на канонско единство.

Веста за враќањето на дијалот на маса ја објави епископот Фотиј, кој навести дека ова сценарио е можно уште овој месец, на мајскиот Собор на СПЦ во Белград.

“Тоа е еден интересен дијалог на љубов, вера и надеж и се надеваме, ако даде Бог, можеби може да се случи, но прво треба сите ние да се молиме на Бога, МПЦ – ОА во мај месец на овој Собор во Белград, повторно да се врати во канонско едниство со Српската православна црква, а со тоа во канонско единство и со сите помесни православни цркви”

Епископот не откри кој се бил во македонската делегација, но од говорот може да се забележи дека присуствувал Спрскиот патријарх Порфириј, кој неодамна упати и покана до МПЦ за официјална средба.

Повеќе информации не се споделуваат ниту од македонска страна. Од МПЦ ја потврдуваат средбата со српската делегација. Портпаролот владиката Тимотеј  за Сител кратко прокоментира дека преговорите се во тек, без да прецизира кога се одржала средбата, кој се учествувал и што точно се преговара со СПЦ.

За аналитичарите, ова е изненадувачка средба за која знаеле мал број владици. Се поставуваат две клучни прашања, дали Вселенската патријаршија знаела за оваа средба и што се подразбира под канонско единство?

“Според информациите со кои јас располагам, Вселенската патријаршија била запознаена со оваа средба, односно дала амин таа да се случи. Тоа води кон заклучокот дека оваа оваа средба треба да се стави во контекст на решавањето на македонското црковно прашање кое се води пред Вселенската патријаршија. Главната дилема е дали тоа канонско единство подразбира враќање на МПЦ под капата на СПЦ, или водење на процес кој ќе води кон добивање на афтокефалност”

Ѓоргевски се надева дека МПЦ нема да ја повтори грешката со Нишкиот договор од 2002 година, апелирајќи до македонските владици да не го загрозуваат македонскиот идентитет. Расколот меѓу двете цркви датира од 1967 година.