-->
-->
Што прво забележавте на оваа слика?
-->
Тестовите со илузии се најдобриот начин за луѓето на истата слика да видат нешто што само ним им е својствено, а на тој начин да откријат и нешто повеќе за себе.
Без да размислувате долго и без да ја анализирате сликата, фокусирајте се на она што прво би паднало во очи, дајте му форма и пронајдете го вашиот одговор подолу.
Череп
Вие сте кревка и трпелива личност. Природно сте надарени со способноста да ги разбирате другите. Имате силно изразена емпатија. Знаете како да ги примите идеите и размислувањата, и истите објективно да ги процените. Брзо учите и на тој начин и подобро се прилагодувате на новите околности. Во принцип, слободно можете да се сметате за паметни луѓе, што ретко носат погрешни одлуки. Исто така, многу сте великодушни кон другите, па затоа и ве почитуваат и ценат.
Девојче
Вие сте креативна личност, надарена со посебен шарм. За поголемиот дел од луѓето претставувате загатка и најчесто сте од оние за кои се вели: „Има нешто во неа/него, нешто чудно и привлечно.“ Но околу вас исто така има и луѓе што завидуваат, бидејќи ги лишите од вниманието што постојано го привлекувате кон себе. Во личните односи се отворате како таинствена кинеска кутија за накит – чекор по чекор, многу полека.
Вие сте страсна и активна личност. Многу сте остроумни и имате добра смисла за хумор – ова се вашите најголеми адути. Онаму каде што ќе се појавите, станува празник. Единственото нешто што треба да го промените кај себе е тоа да станете повеќе промислени. За жал брзоплети сте при носење одлуки, а јазикот ви е побрз од умот. Ова не ја намалува вашата дарба да ги анимирате луѓето и да ги поведете со себе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава