Што поскоро да се потпише договорот со Фронтекс, апелира Заев
Премиерот Зоран Заев денеска апелираше што побрзо да се потпише мултилатералниот договор со Фронтекс, и нагласи дека додека тоа не се случи, ќе се почитуваат билатералните договори со земјите кои имаат ипратени свои полициски сили во земјава.
-Останува од наша страна да апелираме час побргу да се потпише договорот со Фронтекс заради тоа што тогаш е тој мултилатерален договор. Дотогаш остануваме на билатералните договори што ги имаме со сите земји кои имаат испратено свои полициски сили овде, коио работат со нашите буквално од 2015, 2016 година наваму и така ќе продолжиме. Но, верувам дека и за Бугарија како што и за ЕУ, така и за Северна Македонија, и за целиот наш регион, е важно час поскоро да се потпише договорот Фронтекс, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Вчера од Европската Комисија за МИА потврдија дека договорот за управување со границите помеѓу ЕУ и Северна Македонија останува блокиран од страна на Бугарија затоа што оваа земја не го признава македонскиот јазик.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот