-->
-->
Што му се случува на убиецот на Тијана во затвор?
-->

Една година по грозоморното убиство на малата Тијана кое ја зави Србија во црно, нејзиниот убиец, месарот Драган е во затвор, а српскиот Телеграф испитуваше што му се случува зад решетките. Монструмот кој ја силуваше, мачеше, уби и закопа Тијана која имаше само 15 години, е главна тема во медиумите, и веќе неколкупати се пишува дека бил мачен и претепан за делото кое го направил, од останатите затвореници
Од Казнено-поправниот дом за српскиот Телеграф изјавиле дека убиецот на Тијана седи сам во ќелијата без други затвореници. На почетокот го посетувала неговата мајка, но потоа и таа престанала да доаѓа. Од зтворот велат дека Џуриќ никого не нападнал, ниту пак бил нападнат.
Не е познато дали убиецот сам барал да биде сам во ќелијата бидејќи знае што го чека. Тој за обид за силување е осуден на 12, а за убиство на 40 години затвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
