Што да правите ако ви го украдат или го изгубите пасошот во странство?
Колку и да внимавате на безбедноста при патување, незгоди се случуваат.
Замислете дека сте во друга држава и го изгубивте или ви го украдоа пасошот, што треба да сторите?
Контактирајте ја полицијата
Ова е прво што треба да направите затоа што за да се обратите на друго место за помош прво треба да имате документ од полицијата.
Понекогаш дури и ако сами сте го изгубиле пасошот, подобро е да кажете дека ви бил украден.
Конектирајте се на интернет во најблискиот локал
Без разлика дали станува збор за ресторан или библиотека, приклучете се на интернет и замолете ги членовите на вашето семејство да ви испратат скенирана верзија од вашите документи како лична карта, возачка дозвола, некаква легитимација итн. Колку повеќе копии од документи соберете, толку подобро.
Проверете и во хотелот во кој сте сместени случајно да не направиле фотокопија од вашиот пасош.
Потоа, на интернет пронајдете го најблискиот конзулат или амбасада од вашата земја, проверете кога работат и прегледајте кои сè документи треба да ги однесете за да ви дадат нов пасош. Вообичаено потребна е фотографија од вас, па најдобро е да направите пред да појдете таму.
Пронајдете пари
Ако со пасошот ги изгубивте сите пари и банкарски картички, мора да пронајдете пари за сместување, храна и трошоци за обновата на пасошот.
Вашите роднини ако ви префрлат пари на вашите картички ќе нема како да ги извадите, па најдобро е да пронајдете некој човек од доверба на чија сметка ќе може да ги префрлат во странската земја.
Испланирајте го патот до конзулатот/амбасадата
Вашиот пасош може да го изгубите во џунгла или во некое зафрлено планинско село на илјадници километри од главниот град, каде најчесто се наоѓаат конзулатите и амбасадите. Авион нема да можете да користите затоа што за да се регистрирате за летот потребен ви е пасош, па затоа најдобро е да патувате со автомобил со пријатели или пак со автобус, за кој вообичаено не е потребно документи за да извадите билет.
Ако сте во некоја егзотична земја и нема конзулат, тогаш контактирајте дипломати од вашата земја од некоја соседна држава, па тие ќе ви помогнат.
Посета на конзулатот/амбасадата
Во конзулатот однесете го документот од полицијата, копиите од вашите лични карти, 2-3 мали фотографии од вас и би било добро и некој пријател, кој може да гарантира за вашиот идентитет.
Може да биде потребно да платите и одредена сума за обновување на пасошот, зависно од правилата на конзулатот. Времето потребно за да заврши процедурата може да биде од неколку часа до неколку седмици.
Ново на Сител
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија