Што да направи секоја девојка за да изгледа беспрекорно на плажа?
Секоја девојка сака да изгледа совршено за време на летниот одмор, а нашите баби и мајки имаат природни рецепти за како тоа да се постигне.
Потребно е да се обрне внимание на 5 работи: лице, тело, стапала, нокти и коса.
Еве како:
1. Нега на лице
Треба барем еднаш неделно да се прави пилинг на лицето за да ја исчистите кожата и да ги отстраните мртвите клетки. Кафеав шеќер во комбинација со лимонов сок ќе даде феноменални резултати.
2.Нега на телото
Кокосовото масло е толку распространето и популарно, што веруваме дека веќе го имате дома. Сепак, доколку го немате, имајте на ум дека пропуштате феноменален начин за да ја хидрирате и нахраните кожата, како и косата. Исто така, со него може да ја отстранувате вашата шминка. Кожата која ја допрело сонцето, дефинитивно бара нега од овој тип, бидејќи не само што ја прави убава и мазна, туку и ги смирува иритациите и ја регенерира.
3.Нега на стапалата
Кога се стапалата во прашање, немојте да заборавите дека, доколку ова лето одите на плажа, нема подобар природен пилинг од песокот. Искористете го тоа и оставете ги турпиите за пети дома.
4.Нега на ноктите
Доколку секојдневно ставате маслиново масло на ноктите и заноктиците, скоро инстантно ќе забележите подобрување. Потребна ви е мала количина, а благодатите се огромни!
5.Нега на косата
Постојат безбројни природни начини за нега на косата, а ова лето, освен кокосовото масло, како пакување можете да го искористите и медот. Всушност, доколку ставите малку во домашен или купен шампон, косата ќе ви биде многу помека, а скалпот поздрав и помалку склон на првут.
Исто така, ако сте обожавател на мајонезот, купен или уште подобро домашно направен, знајте дека и вашата коса ќе го обожава. Маслото ќе ја омекне косата, додека протеините од јајцето ќе ѝ ја дадат неопходната јачина. Маската со мајонез дава посебен сјај на косата. Држете ја околу 15 минути, а потоа исплакнете.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје