Штипските пензионери незадоволни од најавеното покачување за 6,8 проценти
По најавата на Министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска, дека од септември пензиите ќе се покачат за 6,8 %, штипските пензионери со негативна реакција. Сметаат дека порастот на пензиите не ја следи инфлацијата, но и останатите покачувања на плати во јавната администрација и на функционерите.
- На пензионерите треба да им се покачат пензиите за 40%, за да опстанат. Со 10 000 – 12 000 денари, не може да опстане. Оваа Влада што гледа и што мисли јас не знам. Им покачија (на УЈП) 30 %, па тоа е срамота и греота, на себе си покачија 80%, па дајте им малку и на пензионерите и тие да живеат.
- Како што на УЈП им покачија 30 %, треба толку и пензиите да ги покачат.
- Нека ни покачат 78% како што себе си покачија, ама да дадат линеарно.
- 99,9 % да се покачи пензијата за народот да биде задоволен малку од малку, не многу.- Анкета штипјани.
Со пензии од 10 до 18 000 денари, пари не стигаат ниту за да се покријат трошоците за храна и лекови. Пари има колку да се преживее, а на и нормално да се живее, децидни се анкетираните пензионери.
- Никако, со 11-12 000 денари, никако.
- 12 000 денари земам, тоа е една нивна дневница.
- Од каде може да се биде задоволен со 18 000, ама што да се прави, таква ни е државата.
Последното покачување на пензиите беше во март за 8, 4 %, а следното усогласување е во месец септември.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар