Штипските кандидати за градоначалници потпишаа заложба за поддршка на младите

Кандидатите за градоначалници за Општина Штип од ВМРО ДПМНЕ, Илчо Захариев, и од СДСМ, Благој Бочварски, си подадоа рака и заеднички ја потпишаа заложбата за реализирање на проекти за млади, која се реализираше од младите активисти на Фондацијата за развој на локалната заедница-Штип.
Кандидадот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Захариев истакна дека градоначалникот е должен на младите да им создаде услови за добар живот на младите во нивните општини.
- Реално мислам дека тоа што е понудено и што го потпишавме е остварливо, се надевам дека ние како кандидати за градоначалници комплетно тоа ќе го испочитуваме. Идејата на младите за нас се битни, често пати можеби ние не согледуваме некои работи во напиот град и од тие причини секоја идеја која ќе дојде од младите за нас е прифатлива, бидејќи тие не бараат многу, вели Захариев.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Бочварски забележа дека тој како млад човек ги разбира потребите на младите.
- Така што ќе ги поддржам во секоја нивна намера, ќе ги поттикнам да направат значајни, битни проекти за нашиот град и за нашата општина и ќе ги вградам во донесувањето на одлуките кои што ќе значат подобар живот на сите наши граѓани, рече Бочварски.
Младите од Штип бараат јавен градски превоз, подобар студентски стандард и изградба на студентски дом. Според кандидатите за градоначалници за Општина Штип ова се проекти кои се реални и кои можат да се остварат од страна на локалната власт, а исто така ќе ја поддржат и работата на Советот на млади на Општина Штип.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
