Штипскиот регионален училишен центар „Искра“ ќе гради нови училници

Регионалниот училишен центар за специјално средно образование и воспитание „Искра“ од Штип, ќе започне со реконструкција и доградба на првиот кат од училишната зграда.
Директорот на СОУ „Искра“-Штип, Марјан Арсов вели дека со доградбата ќе се добијат три нови училници и една наставничка просторија, со што ќе се реши проблемот со недостигот на училници и на простор за работилниците, каде што се изведува практичниот дел од наставата.
- Истовремено ќе се дислоцира и наставничката канцеларија со што ученичкиот дел и наставничкиот дел ќе бидат одвоени како две просторно функционални целини, вели Арсов.
Тој истакна дека деновиве по завршување на тендерската постапка ќе следи потпишување на договорот со градежната фирма, по што ќе почнат и градежните работи.. Инвестицијата во ова државно училиште ќе чини 3 милиони денари. Средствата се обезбедени благодарени на штедењето на училиштето, но Арсов се надева дека ресорното Mинистерство ќе одобри и дополнителни средства за овој проект.
- Имаме поднесено барање до Министерството за дополнување на финансиските средства и се надеваме дека и тие ќем помогнат во овој дел, рече Арсов.
Во училиштето учат ученици со лесна и умерена попреченост во психофизичкиот развој поделени во четири струки, а годинава се запишани 20 ученици од источниот и југо-источниот регион.
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
