Штипскиот градоначалник во посета на селата Драгоево и Селце
Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев почна со обиколка на урбаните заедници и селата со цел детектирање нови проблеми и добивање идеи за проекти, кои ќе се реализираат од буџетот во 2017 година. Захариев денеска беше во посета на селата Селце и Драгоево, каде што заврши асфлатирањето на улиците.
- Во Драгоево направивме улици, мал плоштад, ја обновивме чешмата, се помогна во обнова на џамијата и црквата, функционира водоводот, така што разговаравме за нешто што е нова потреба на жителите, а што би влегло во програмата за идната година. Овде размислуваме да го обновиме Домот на културата, останува да се направат уште две помали улици и да се направи патот до црквата Свети Спас, рече Захариев.
Штипскиот градоначалник на средба со жителите во село Селце истакна дека годинава е завршено со асфалтирањето на улиците, се гради и ново спортско игралиште, а обновени се и чешмите.
- Останува да се поврзат Драгоево и Селце од 4. километар до 11. километар со нов пат, со што ќе излегуваат директно на регионалниот пат и нема да се влегува во селото, рече Захариев.
Претставниците на двете месни заедници се задоволни од реализацијата на проектите и како што истанааа се што е побарано од локалната самоуправа и градоначалникот е реализирано.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата