Штипскиот Црвен крст донираше на семејство во селото Лакавица

Тимот на Црвен крст Штип денескаго посети единаесет членото семејство во село Лакавица, на коешто домот до темел им изгоре во пожар. Викторија Милановска, секретар на Општинската организација на Црвен крст-Штип, вели дека на темелите од некогашниот дом, чиј покрив го делеа три генерации, периодов ќе се надградува ново живеалиште, процес за кој е потребна помош од сите граѓани кои се во состојба да дадат свој придонес.
– Денешната донација за ова семејство се состоеше во трајни прехранбени продукти, хигиенски средства, бебешки аксесоари, нови ќебиња и постелнина и облека селектирана според возраста на корисниците, рече Милановска.
Општинската организација на Црвен крст-Штип упатува апел до сите сограѓани кои имаат мебел и покуќнина кои не ги користат, како и градежен материјал, неделава да ги донираат во просториите на Црвен крст секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. На листата желби на најмладите членови на семејството се најдоа и два училишни ранци за машки деца од шест и седум години, кукла и пелени за две месечното бебе.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
