Штипски „Исар“ ја врати последната рата од кредитот кон ЕБОР

Штипското комунално претпријатие „Исар“ ја плати последната тековна рата од кредитот кон Европската банка за обнова и развој земен пред повеќе од една деценија за реконструкција на старата водоводна мрежа.
Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев информира дека денеска им пристигнала ратата од 8 милиони денари и веднаш ја подмириле. Тој посочи дека остануваат уште 1,5 милиони евра кои треба да се вратат од овој кредит, бидејќи, подвлече, некои претходни раководства на претпријатието не ги подмирувале ратите од овој кредит.
- Досега се платени 80 милиони денари од овој кредит. Нашата цел е сите долгови редовни да си ги подмируваме, со што ќе тежнееме претпријатието да го доведеме да биде со нула долгови, вели Бојаџиев.
Тој истакна дека во моментов се прават напори од страна на локалната власт долгот од 1,5 милиони евра да се враќа етапно. Во изминатиот период ЈП „Исар“ изгради ЗОО градина, изврши реконструкција на Градската бања, асфалтираше нови патишта на Градските гробишта и набави нови возила, а не се задолжи ниту еден денар.
Ново на Сител
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
