Штипски „Исар“ ги обновува дрворедите низ градот

Штипското комунално претпријатие „Исар“ ги обновува дрворедите низ населбите. Директорот на ЈП „Исар“-Штип Живко Тасев на денешната прес-конференција истакна дека веќе се засадени 110 садници од јасен.
- Засадени се 40 садници покрај патеката на реката Брегалница, 15 садници од населбите Сењак до Баби, 35 садници од основното училиште „Димитар Влахов“ до населбата Баби и 20 садници од поранешното Нервно одделение до спортската сала „Јордан Мијалков“, рече Тасев.
Тој истакна дека ќе излезат во пресрет и на барањата на останатите урбани заедници во Штип, а садниците се одгледани во расадникот на ЈП „Исар“. Тасев најави дека во текот на наредниот период ќе имаат и организирани еколошки акции.
Тасев на прес-конференцијата апелираше и граѓаните да внимаваат како ја фрлат пепелта во контејнерите, бидејќи секојдневно имаат штети. Штипски „Исар“ годишно трпи штета од 10.000 евра.
Ново на Сител
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
-

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата
-

Иран предупреди: Американската војска и Израел ќе бидат легитимни цели ако САД нападне поради протестите
-

Преглед на вестите од светот
