Штипската болница ги исплати надоместоците од плата кон вработените
Раководството на штипската Клиничка болница деновиве ја исплати и последната рата кон вработените, кои ги побаруваа надоместоците и додатоците од плата за периодот од 2015 до 2017 година, а не им биле исплаќани. Директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеорѓијев вели дека станува збор за исплата на 364.000 евра кон вработени кои не ја тужеле болницата за овие додатоци, а околу 80.000 евра веќе се исплатени на оние кои не ги повлекле судските тужби, односно парите им се исплатени по судски пат. Средствата се обезбедени авансно од Фондот за здравство.
– Ова е многу голема сума, која што иако ние авансно ги имаме земено парите од Фондот за здравство, сепак тие пари на нас ни се одбиваат од месечните рати, кои ги добиваме од Фондот за здравствено осигурување. Што значи дека ние со сопствени средства, еве да кажама со одложено плаќање успеавме да ги вратиме парите на вработените. Ова беше добро што го направивме и само да се заблагодарам на оние вработени кои имаа трпение и веруваа дека ќе најдеме начини да им го платиме тоа што некој друг не им го платил, имаа разбирање, бидејќи доколку ова стасаше пред суд сметаме дека сумите неколкуратно ќе пораснеа, ќе станеа извршни и многу веројатно ќе настанеше блокада на работата на болницата, вели Ѓеорѓијев.
Клиничка болница –Штип веќе на Фондот за здравствено осигуравање има вратено осум милион денари по оваа основа. Ѓеорѓијев забележува дека во наредниот период треба да се штеди, а категоричен е дека тоа нема да се одрази врз услугите кон пациенти.
Ново на Сител
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час
-
Две лица повредени во сообраќајка во Скопје