Македонија
3. February 2017 - 15:28

Штипската библиотека донираше 2.000 книги на англиски јазик

Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска на сите основни и средни училишта во општините Штип и Карбинци и на Студентскиот дом „Браќа Миладоновци“ им донираше 2.000 книги.

Вилма Јованова од Универзитетската библиотека вели дека донацијата на училиштата е во рамки на одбележувањето на 145 години од Читалиште и од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев.

- Книгите се од различна содржина и жанр. Има стручна литература од областа на комуникациите, правото, филозофијата, литературата и јазикот и најпопуларни бестселери коишто ќе се најдат во кабинетите по англиски јазик во училиштата, истакна Јованова.

Книгите на англиски јазик ќе им бидат достапни на учениците во училишните библиотеки.