Штипјани со 30 предлог проекти до локалната власт
Заврши постапката за прибирање на идеи за реализација на проекти од буџетот на општина Штип за следната година, информираше на прес-конференција портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов.
За две недели граѓаните на Штип до општината доставиле 30 предлог проекти.
- Во најголем дел граѓаните бараат асфалтирање на улици, уредување на тротоари, поставување на потпорни ѕидови, фасади, потоа иницијативи за улично осветлување. Значи предлози во доменот на инфраструктурата. Еве неколку примери од граѓаните, а тоа се нови фасади на зградите на улицата „Борис Кидриќ“, асфалтирање на улица „Личка“, замена на коцката на улицата „Широк дол“, асфалтирање на улица „Ѓорче Петров“, „Михајло Пупин“ и уште десетина други улици, вели Ристов.
Истакна дека општинската админситрација врз основа на идеите од граѓаните ќе го прави буџетот на општина Штип, кој и наредната година се планира да изнесува над 400 милиони денари.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка