Штипјанец додека седел со девојката во кафе бар го нападале две лица
Вчера ноќ во периодот од 00.15 до 00.30 часот дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физички напад во кафе бар во Штип. Според пријавата на А.Н.(31) од Штип (во 00.25 часот по телефон, а во 04.50 часот лично во Полициската станица Штип), додека седел со неговата девојка, физички бил нападнат од лицата А.П. и В.М. од Штип.
После тоа, тие излегле од кафе барот и влегле во неговото возило „Ауди“ за да заминат од местото. Кога А.Н. го стартувал возилото, до него дошле лицата А.П. и И.Ѓ., го скршиле задното ветробранско стакло и повторно физички го нападнале.
Додека, според пријавата на А.П.(34) од Штип, во наведеното време во кафе барот влегло лицето А.Н.(31) од Штип и почнало да ги вознемирува гостите. Тој му укажал да престане, но А.Н. физички го нападнал. Во тоа бил спречен од лицата З.Т., С.А. и И.Ѓ..
Кога излегле од кафе барот, А.Н. излегол од патничко возило и повторно се обидел да се пресмета со А.П., но пак бил спречен во намерата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес