Штип заработи 800.000 евра од продажба на градежни парцели
Општина Штип од лицитацијата од огласот за продажба на градежно неизградено земјиште заработи 50,2 милиони денари или над 800.000 евра, објави на денешната прес-конференција портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов.
Од страна на општина Штип беа понудени вкупно 55 парцели за изградба на индивидуални куќи, хотели, бензински пумпи и стопански објекти за лесна и незагадувачка индустрија.
- Од понудени 55 градежни парцели, продадени се 43 при што важно е да се напомене дека сите 32 локации кои беа огласени за индивидуални куќи се продадени на вчерашната лицитација. Највисоката цена која е постигната е 900 денари за метар квадратен, вели Ристов.
Понудените градежни парцели за индивидуални куќи се во населбата Дузлак. Освен локациите за куќи, продадени се и една локација за деловен објект, локацијата за хотел кај бања Кежовица, која е продадена за околу 3.8 милиона денари, една за бензинска пумпа во Криви Дол и една парцела за лесна и незагадувачка индустрија во населба Балканска.
Вкупниот приход од лицитацијата, кој изнесува над 800.000 евра по уплатата на граѓаните и фирмите 80 проценти од сумата ќе се слеат во буџетот на Општина Штип, а 20 проценти во државниот буџет на Р. Македонија.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци