Штип одбележува 26 години од независноста на Република Македонија
Општина Штип денеска одбележа 26 години од независноста на Република Македонија. Во чест на празникот и во спомен на децата бегалци од Егејска Македонија, денес во дворот на црквата „Свети Контантин и Елена“, каде се наоѓа и спомен облежежјето на Македонците од Егејска Македонија, беше оддржана панихида.
Градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев, во своето обраќање истакна дека денеска македонските граѓани се сеќаваат на сите жртви кои ги дадоа животите за Македонија.
- Верувам дека тие жртви не беа залудни бидејќи навистиа беше тешко да се убедат големите сили дека постои македонски народ, дека треба да има македонска држава. Не успеавме во Букурешт и Версај, но во Втората светска војна ја избравме вистинската страна и создадовме држава. Денеска повеќе од било кога треба да ја одбраниме државата, каде се родени плејада познати Македонци меѓу кои и многумина со потекло од Штип. Пораката е соема јасна, како генерација имаме обврска да ја спасиме државата и да се грижиме за неа и да не заборавиме колкумина ги дале животите за неа, рече Захариев.
Делегации од општинската организација на Сојузот на борци, локалната самоуправа и на политичките партии положија букети цвеќе на споменикот на бегалците од Егејска Македонија.
Ново на Сител
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг
-
Владата најавува инвестициски циклус од 6 милијарди евра
-
За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици
-
Избори во Германија