Штип ќе добие симулациски центар за обука на медицински персонал
Штип ќе биде единствениот град во источниот дел од државата каде што ќе биде отворен симулациски центар за обуки на медицинскиот персонал. Екипи на итната медицинска помош од Здравствените домови во источна Македонија денеска се обучуваа за најновите методи и техники, кои треба да ги применат на лице кое нaстрадало во несреќа.
Директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип, Валентина Варадинова-Везенкова вели дека во програмата за вакви тренинзи е планирано освен медицинските лица, да ги опфати пожарникарите, полицајците, како и студентите на медицинските науки.
- Симулацискиот центар за обуки е предвидено да функционира во стариот здравствен дом во Штип. Обуките ќе ги држат лекари кои биле на обуки во Турција, а за се очекува да биде отворен на почетокот на Новата година, вели Варадинова-Везенкова.
Таа истакна дека вакви симулациски центри функционираат во Скопје,Охрид и Битола.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер
-
Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец