Штип го чествува празникот „Свети Никола“, патронот на градот
Со литија и кршење на празничниот колач на шеталиштето „Ванчо Прќе“ денеска се чествуваше „Свети Никола“, партонот на град Штип. Голем број верници беа присутни додека иконата на светецот во соборниот хран „Свети Никола“, а се донесе на шеталиштето, каде се скрши и празничниот колач. Мир, благосостојба, развоој и напредок на градот порача градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
- Денеска градот Штип и нашите сограѓани го празнуваат Свети Никола, патронот на нашиот град, светецот кој по своето житие ни остави аманет да продолжиме, да правиме добри дела, да си подаваме рака, да живееме во мир, во соживот. Посакувам благосостојба, развој и напредок на нашиот град, а на сите славеници и на они кои го носат името на светецот Никола здравје, мир и благосостојба. Нека е за многу години, рече Јорданов.
Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион рече денеска се славеше светителот, се продожи и традицијата на предците кој го славеле и му се молеле на Свети Никола, кој е заштитник на Штип.
- Овој ден Господ го создаде да се радуваме и да се веселиме и еве денеска се радуваме и се веселиме, го прославуваме нашиот небесен закрилник и се молиме пред Бога за светиот Николај, кој е чувар и заштитник на градот Штип и на Брегалничката епархија. Овој светител божји е најпочитуван и најславен помеѓу сите народи и луѓе, бидејќи на сите им помага и на сите им ја покажува божјата милост, рече Иларион во своето обраќање пред верниците.
Утринава во градската црква „Свети Никола“ се одржа и божествена литургија, а граѓаните си посакаа многу здравје, мир и среќа.
Ново на Сител
-
Нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува, смета одбраната на Артан Груби
-
Просечната нето плата во октомври 42 134 денари
-
Погодена македонската амбасада во рускиот ракетен напад врз Киев
-
Траги од Велибор Манев пронајдени на лепливата лента на устата на Вања
-
Вања била убиена клечејќи на колена со еден куршум во глава одзади грб, грозоморни детали
-
Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб
-
Во Основниот суд Куманово одложено судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
„Студентски отпор“: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците