Штетите од пожарите во Калифорнија најмалку една милијарда долари
Шумските пожари, кои овој месец ја опустошија Калифорнија, му причинија штета на осигураниот имот од најмалку една милијарда долари.
Истовремено, калифорниските власти соопштија дека речиси 7.000 куќи и други објекти се уништени во огнената стихија.
Надлежни екипи продолжуваат да ги пребаруваат подрачјата зафатени од пожарите, во кои загинаа 42 лица, и се очекува износот на штетата и бројот на уништените домови да се зголеми.
Официјалниот претставник за државно осигурување на Калифорнија, Дејв Џонс изјави дека прелиминарните проценки на загубите се направени врз основа на податоците од осум најголеми осигурителни компании во загрозените области, додавајќи дека при вршењето на проценките не е вклучен имотот што не е осигуран.
Тој истакна дека се очекува вкупната загуба веројатно драматично да се зголеми.
Ново на Сител
-
Македонија и Бугарија остануваат посветени на пругата од Коридорот 8
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиолог Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”