Штетите од невремето во Гевгелиско проценета на околу 110 милиони денари
- Советот на општина Гевгелија денеска го усвои Елаборатот од општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди според кој штетите на земјоделските посеви од невремето на 24 јули се проценети на околу 110 милиони денари.
Во периодот од 24 јули до 12 август, комисијата врз основа на 336 поднесени пријави од кои 322 од физички и 14 од правни лица, вршела теренска проценка на штетите на посеви во Гевгелија и делови од населените места Негорци, Миравци, Милетково, Смоквица, Мрзенци, Серменин и Ново Конско.
Од невремето проследено со врнежи од дожд и град биле погодени 357 хектари од кои 217 во сопственост на правни лица и околу 140 хектари на физички лица. Најголеми штети претпрпеле лозовите насади кои се уништени на 296 хектари додека другите штети се утврдени кај раноградинарски култури, овошни насади и житни култури.
Усвоениот Елаборат општина Гевгелија ќе го достави до Државната комисија за проценка на штети од природни непогоди и до Владата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина
-
Гасификација, електрични автобуси, делење на возило се опциите за справување со загадениот воздух во Скопје
-
ССК задоволни од условите за кредитите од унгарскиот заем
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот